Атрактивни Филипинки и езотични девојки од Јужна и Југоисточна Азија ќе го пополнуваат персоналот во хотелско-угостителските објекти на охридската ривиера, пренесува „Алфа“, откривајќи дека поради недостаток на кадар, тоне туристичкиот сектор, па така во безизлез туристичките работници кои останаа без жив човек, улогата на келнери и кувари им ја доверуваат на странци претежно од азиските земји, кои не знаат нити што работат, ниту пак можат да се разберат оти не знаат ни англиски, а камоли македонски јазик.
Па ако продолжи трендов кој што е моментално со одлив на работниот персонал од државата, ќе мора да се бара некој начин. Иако јас лично сметам дека доколку оние плати кои што се даваат на странците на локалниот персонал, нашиот персонал нема ни да има потреба да оди надвор. Како што стојат работите најверојатно ќе треба да се зголеми квотата за работни дозволи овде во Македонија затоа што за жал најавите не се баш многу позитивни, вели Ана Јанчева, хотелиер.
Во хотелско-угостителските капацитети има над 200 слободни работни места. Хотелиерите сега бараат Македонија да го промени законот за вработување и работа на странци и по примерот на Хрватска да ја укине квотата за работни дозволи за странци.
За да ги задржиме нашите кадри тука треба да ги платиме, па не мора да имаме многу профит, смали си од профитот, дај им на вработените нека континуирано работат сите објекти, истакнува туристичкиот водич Љупчо Јузмески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.