Наспроти криењето на владата на СДСМ и ДУИ вистина ја објави кредит рејтинг агенцијата „Фич“. Агенцијата потврди дека економскиот раст во 2023 година е само 1%, пониско од очекувањата на сите меѓународни институции, на Владата и на НБРМ. И покрај кажувања од домашните власти, а со тоа пренесено во соопштението од „Фич“, за технички прашања околу пресметката на БДП, растот и со наредните ревизии ќе биде низок и недоволен да ја скрие расипничката политика на владата во заминување, коменитра „пари.ком.мк“.
Како една од главните причини за нискиот економски раст, „Фич“ потврдува дека е побавниот почеток на проектот за коридорот 8/10д од очекувадното и лошите земјоделски перформанси.
„Фич“ со ова потврдува дека Коридор 8/10д е во застој. Ова отвара прашање: за што се потрошија 236 милиони евра од буџетот кои беа префрлени за проектот? „Фич“ исто констатира дека нема зголемено производство на храна, наспроти тврдењата на владата дека го помагаат системски земјоделството и тоа со многу пари. И тука, нема раст на производство, ама се даваат пари.
Во соопштението на „Фич“, буџетскиот дефицит во 2023 година е 4,9% од БДП, што е далеку од планираниот 4,6%, и далеку како што во континуитет алармиравме од 3% од БДП, што е пропишано во Закон. Главен фискален ризик според Фич е изградбата на Коридорот 8/10д, којшто се оценува дека ќе зема 2% од БДП годишно во наредните пет години. Овој проект е главниот фискален ризик поради потенцијалните пречекорувања на трошоците и недостатокот на конечна проценка на трошоците за проектот. Потврдено дека нема конечна проценка.
Без многу помпа и фалење на носителите на политиките, „Фич“ едноставно заклучува дека инфлацијата падна на 3% во февруари, од врвот од 19,8% во октомври 2022 година, како одраз на базните ефекти (односно високата споредбена основа), построгата монетарна политика и од неодамна привременото замрзнување на некои цени, кое е укинато и ќе се пренесе во повисоки бројки за инфлацијата во март. Фич заклучува дека базичната инфлација исто се намалила, како и инфлациските очекувања. Но, не заклучува дека базичната инфлација од 4,7% во февруари е повисока од вкупната инфлација (од 3%) што значи и не така смирени инфлациски очекувања.
Повеќе на „пари.ком.мк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.