Евтаназија и за свињите на 10 километери од утврдените жаришта со афиканска свинска чума. Само за разлика од оние што се наоѓаат во непосредна близина здравите животни нема да завршат во специјално определниот простор на градската депонија во Делчево, туку во кланица.
Таму ќе оди свинскиот фонд од околу 1000 свињи од општините Делчево и Македонска Каменица. Фармерите чии животни ќе завршат на депонија ќе бидат обештетени од државата. Од институциите апелираат тие да бидат совесни за да се запре ширењето на болеста.
Агенцијата за храна и ветринарство се уште ги чека анализите од референтната ЕУ лабараторија за причинтелот на заразата. Сомнежот е дека станува збор за дива свиња, но мора да постои лабараториска потврда бидејќи болеста за прв пат се појавува во државата.
Дивата свиња е најчест преносител на африканската свинска чума, бидејќи овие животни лесно се движат во просторот, а заболувањето иако не во епидемиски размери се уште е присутно кај нашиот источен сосед. Засега само Црна гора од земјите во регионот поради африканската свинска чума забрани увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи од Македонија и некои делови на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.