На глобалните пазари еврото во однос на доларот силно порасна минатата недела, достигнувајќи ги највисоките нивоа за повеќе од еден месец, откако Европската централна банка ги зголеми каматните стапки и најави можност за дополнително заострување на монетарната политика.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела падна за 1,2 отсто, на 102,25 поени, блиску до најниското ниво за еден месец.

Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута потона за 1,8 отсто, па цената на еврото достигна 1,0940 долари, највисоко ниво во последните речиси пет недели. Но, цената на доларот порасна во однос на јапонската валута, за 1,7 отсто, на 141,80 јени. Зајакнувањето на еврото е благодарение на зголемувањето на каматните стапки во еврозоната на највисоките нивоа во последните 22 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.