Откажана е еврообврзницата од 600 милиони евра, а причина за ова е смената на министерот за правда Никола Тупанчески, кој што не сакал да потпише и без негов потпис понатаму не може да се движи постапката, открива Гордана Димитриеска-Кочоска.

Ова е најголем доказ дека и во владата има голем раскол и дека нема капетан на бродот.
Како можевте да дозволите ваков срам на државата и да ја оставите без пари?
Кој ќе сноси одговорност за ваков непромислен потег?
Дали намерно ја втурнувате државата во банкрот?
Докторите немаат земено плата а изговор ви е дека ги чекате парите од еврообврзницата. Повеќе од јасно е дека тие пари нема да ги добиеме.
Оставка на цела влада веднаш!, бара Димитриеска-Кочоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.