ЕСМ Продажба потпиша договор „Балкан Јутилитис“ за набавка на природен гас за февруари за свои, но и за потребите на други стопански субјекти во државата.
На јавниот повик, достапен за домашните и странски компании, пристигнале две понуди. Од бугарската фирма Актаел пристигнала понуда од 99,83 eвра/MWh, и од „Балкан Јутилитис“ со понуда од 98,71 евра/MWh, соопштуваат од ЕСМ продажба, појаснувајќи дека понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергенсот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа.
Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа, наведено е во соопштението.
Избрана е понудата со пониска цена, велат од ЕСМ продажба, па склучен е валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака. Со набавката, потенцираат од компанијата, во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Македонија.
Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, тврдат од ЕСМ.
Јавниот повик за набавка на природен гас за март ќе биде спроведен во текот на февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.