ЕСМ Продажба денеска ќе објави повик за набавка на нови количини на гас за месец март. Цените во Европа достигнаа и до 49 евра за мегават час, а кај нас за гасот се плаќа двојно повеќе, односно за февруари, цената изнесува 98,7 евра за мегават час. Но, од компанијата велат дека на цената на гасот има и екстра трошоци за државни такси, закуп на капацитети и маржи за трговците.

За цените на берзите велат дека се индикативни и ги користеле како основа за преговори за набавка. Во дописот од компанијата се наведува дека и во повикот за март, фиксната цена ќе остане задолжителна. Инаку, за првите два месеци од годинава, гас за земјава испорачува бугарската фирма „Јутилитис“.

Досегашните пресметки на крајните цени покажаа дека со склучувањето на договорите со фиксна цена, за двата месеци ќе се плати поскапо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.