Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин, имаа средба на која дискутираа за барањето на ССМ пратениците да го поддржат и предложат законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата со кој таа би се се зголемила на 18.000 денари и спирално ќе се зголемат останатите плати.

Морачанин на средбата порача дека предлогот на ССМ ќе биде поддржан и предложен во Собранието.

Димовски истакна дека ССМ ја поздравува одлуката на ДОМ да го предложи до Собранието предлог законот на ССМ поднесен во декември за зголемување на минималната плата, нагласувајќи дека работниците ќе го ценат придонесот на пратениците кои им подаваат рака кога им е најтешко.

ССМ уште еднаш укажува дека во услови кога ниту најголемиот пораст на минималната плата во 2017 година не го загрозил стопанството – односно фирмите не отпуштале работници, не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста и профитот, очекуваат и другите партии и пратеници во Парламентот да го следат примерот на ДОМ и да го сторат истото веднаш и да покажат дека се за работниците и за граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.