Електричната енергија не е субвенционирана од Владата, субвенционирана е нивната неспособност, пишува Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалната мрежа Фејсбук. Тој вели дека Во Република Македонија во 2021 година се потрошиле 7.906 GWh…од нив државната ЕЛЕМ произвела електрична енергија 3.300 GWh…
Димовски заклучува дека државата ЕЛЕМ произвела за 22% помалку електрична енергија од најслабата година по производство во периодот 2011-2019 година..
„Разликата во потрошената електрична енергија и произведената електрична енергија од страна на ЕЛЕМ е 4.606 GWh…
Остатокот е или произведен од други приватни субјекти во Република Македонија или е увезен. Втор заклучок: Државната ЕЛЕМ произвела само 41% од потребната електрична енергија која се потрошила во Република Македонија…
За пример, во подобри години, вака изгледала таа бројка:
– 2011 година ЕЛЕМ произведува 79% од потрошувачката во Македонија…
– 2012 година ЕЛЕМ произведува 74% од потрошувачката…
– 2013 година ЕЛЕМ произведува 73% од потрошувачката…
…
Произведена електрична енергија од други приватни субјекти (Те То, ЕВН, мали централи,…) во Република Македонија е во висина од 1.984 GWh…
(која во Македонија се продава за неколку пати поскапа цена од онаа по која ЕЛЕМ ја продава електричната енергија)…
Увезената електрична енергија била во висина од 2.622 GWh… (која во Република Македонија се продава и по десетина пати повисока цена од онаа која ЕЛЕМ ја продава)…
Увозно сме зависни 33,15%, а тоа е најголема зависност од увезена електрична енергија во последните 7 години…
Увозната зависност ќе беше уште поголема доколку приватната Те То лани не произведеше рекордни 1.503 GWh кои спрема државата беа продадени по поефтина цена од берзанската, но сепак неколку пати поскапа од производната во ЕЛЕМ…Трет заклучок: Приватната Те То лани произвела околу 45% од произведената електрична енергија во ЕЛЕМ…
ЕВН електраните (бомбона бизнисот) произвеле 149 GWh…
Сите останати приватни субјекти произвеле 332 GWh…
…
Важно: Цената на електричнатаенергија (едноставно кажано) која ја плаќаат граѓаните и стопанството е комбинација од цената на трите категории на електрична енергија која ја трошиме:
1. Онаа од ЕЛЕМ – најевтина;
2. Онаа од приватните производствени субјекти (Те То, ЕВН и сите други) – неколку пати поскапа во споредба со онаа од ЕЛЕМ;
3. Увезената електрична енергија – и по десетина пати поскапа од онаа произведена од страна на ЕЛЕМ.етврт заклучок: Колку е помало производство на електрична енергија во ЕЛЕМ, толку ќе е поголема цената на електричната енергија во Република Македонија…
…
Од тука:
– Дали ЕЛЕМ може да произведува повеќе?
Да!
– Како ЕЛЕМ може да произведува повеќе?
Прво, со навремени и квалитетни ремонти на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино…
Второ, со навремена набавка на евтин јаглен… (во мај беше за 33% поевтин од сегашната цена)
Трето, со навремена набавка на мазут…
Четврто, со попаметно искористување на водените потенцијали во ХЕЦ-овите…
– Дали ЕЛЕМ произведувала повеќе електричната енергија?
Секогаш до сега…“, пишува Димовски во статус на Фејсбук
– Дали ако ЕЛЕМ произведува 70% од потребната електрична енергија во Република Македонија цената на истата би била пониска?
Да, за домаќинствата веројатно за неколку десетина проценти помала, а за стопанството веројатно и неколку пати помала цена…
– Зошто велат дека Владата ја субвенционира електричната енергија за домаќинствата?
Затоа што лажат кога ја пресметуваат цената на електричната енергија за домаќинствата како процент од цената на електричната енергија која се продава на берзите.
Тврдењето на Владата дека ја субвенционира електричната енергија за домаќинствата ќе е точна само доколу ЕЛЕМ не произведе ниту 1 GWh…
– Дали домаќинствата ја плаќаат истата цена по која електричната енергија ја продава ЕЛЕМ?
Не, најмалку два до три пати поскапи сметки плаќаат домаќинствата спрем ЕВН од цената што ЕЛЕМ ја наплаќа од ЕВН за KWh потрошената електрична енергија…
– Дали Владата ни ја субвенционира цената?
Не
– Дали Владата не лаже?
Да
– Дали во Република Македонија во овој момент може да има поевтина цена на електричната енергија?
Да
П.С. Луѓево на власт што се неспособни, неспособни се, ама веќе се и штетни за граѓаните, за стопанството и за целата држава…, стои во статусот на Илија Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.