Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека во приод кога ни престои огромна криза во која ќе има недостиг на храна, но и проблеми со електричната енергија, воопшто не е паметно да се почнува со проектите за изградба на автопати со компанијата „Бехтел и Енка“.
Таа ова го истакна во изјава за магазинското издание на емисијата „360 степени“ која се емитува на телевизија Алсат, запрашана дали во кризна година треба да се почнува со иградба на автопатите со посочената компанија, наспроти твдењата на владините преставници дека овој проект, во време на криза, ќе им помогне на граѓаните, компаниите и на работниците и истиот ќе влијае на економскиот развој на земјата.
Во вакви услови, кога пред нас имаме уште една огромна криза која што ќе следи негде пред крајот на годината, особено заради тоа што ќе има недостиг на храна, ќе имаме проблеми со електричната енергија, воошто не е паметно да се започнува со ваков проект“, вели Димитриеска Кочоска.
Таа потенцираше дека не е против градење на автопатишта во Македонија, кокретно и изградбата на автопатите предвидени со компанијата „Бехтел и Енка“, но ние имаме автопат кој со изградба започна во 2014 година, и за кој актуелната власт имаше рок од пет години, период колку што СДСМ-ДУИ ја преводат македонската Влада, и истиот сеуште не е изграден, додавајќи дека не е паметно додека не се изградат веќе започнатите да се лчегува во започнување со изградба на нови автопатишта.
„Зошто во континуитете, години наназад тргнуваме со проекти за кои што сме завршени, знали со проектната документација, физибилити студија и така натаму, ни 25 проценти, а тргнуваме во реализација на истите. Се враќаме на истото, ќе обезбедиме пари, ќе земеме и кредити, но до каде ќе стигнеме? Само да се додвориме на одредена група на луше, да покажеме дека нешто работиме. Заботата е завршена кога проектот е комплетно заршен. Пак повторувам, Кичево – Охрид не ни е завршен пет години наназад, ние сега ќе тераме некој нов проект“, истакна Димитриеска Кочоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.