Инфлацијата кај нас почна од 2020 година, а сега сме 2022. Ние веќе имавме раст на цените во однос на другите земји. Инфлацијата не е 95% или 99% увозна. Прво имавме пораст на цената електричната енергија во 2020 година, а продолжи и во 2021 година, а да не заборавиме дека акцизите се зголемија, станува збор за сериозни трошоци за трговија и производство и затоа податоците покажуваат повисока инфлација во однос на регионот. Дел е увезена, но не е се. Да не зборуваме за падот на продуктивноста кој се случува во континуитет од 2016 година, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска за „Анализа“ на ТВ24.

Таа истакна дека инфлацијата во Македонија е од 2020 година, односно кога еврозоната има дефлација, ние имавме инфлација и пораст на цени.

Пред мене имам графикон кој покажува каква била инфлацијата во еврозоната во изминатиот период од неколку години односно од јануари 2020 и кој покажува дека кога еврозоната влегува во дефлација, ние имаме во инфлација, а тоа е 2020 година. Ние во континуитет имаме зголемување на цените, инфлацијата е пресметка од многу повеќе параметри, но ако земеме превид на што граѓаните најмногу трошат таа не е 8% туку е многу повеќе, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека и во таква ситуација, во услови на криза владата трошоци на непродуктивни трошоци и ја зголемува администрацијата со илјадници нови вработени во услови кога имаше помал обем на работа.

Штом премиерот бара министрите да скратат 100 милиони евра на расходна страна, тоа значи дека непродуктивни трошоци има. Во две кризни години една по друга има непродуктивни трошоци. Такви се 80 милиони евра поголеми трошоци за администрација која е 30.000 лица повеќе во однос на 2019 година за време на две пандемиски години во услови кога не се одеше на работа и кога зборуваме дека администрацијата е преголема. Непродуктивни трошоци се стоки и услуги кои пораснале за 43% во последниот квартал на годината во однос на претходната, рече Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска нагласи дека додека имаме инфлација и непродуктивни трошоци, капиталните инвестиции се на прениско ниво.

Во исто време имаме капитални инвестиции на толку ниско ниво. Капиталните расходи во однос на вкупните биле планирани со 14%, а во оваа реализација се 7,7% и тоа покажува дека ниту ќе ги остварат капиталните и повторно прават огромен буџет и пак се троши каде што не треба, како чиниите што се купија пред нова година во услови на криза, изјави Димитриеска Кочоска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.