„Хидролошката ситуација во државата на акумулациите на природните и вештачките не е во добра кондиција, а тоа значи дека многу брзо ќе дојде есен, односно зима кога ќе имаме пак сериозен проблем.
А, тоа влече последици од минатата година кога нерационално се искористи водата во акумулациите едноставно се произведуваше електрична енергија за одредени проценти профити. А, во втор план односно не се зема во обѕир тоа што ќе ни се случува и со водата која што се користи за полевање и онаа за пиење, но и онаа техничка вода која што се користи ширум државата така да едноставно ова ќе има последици“, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Трипуновски додаде дека годинава ги нема оние дождови кои што се очекуваат во пролетниот период, а тоа значи дека има помал дотур во акумулациите, тоа значи дека има помала помош во полевање на земјоделските површини.

„Оваа ситуација е премногу алармантна и верувам дека земјоделците ширум државата не дека ќе ги организира ВМРО-ДПМНЕ, туку самите ќе се организираат и овој револт ќе мора да го изразат на улица. Едноставно ова веќе не се трпи што се случува во државата“, рече Трипуновски.

Трипуновски во текот на емисијата се осврна и на тутунарите, кои што исто така се наоѓаат во тешка состојба поради неспособноста на власта.

„Од власта не можат да соберат храброст и на тутунарите да кажат дека касата е празна. Парите од власта ги потрошија на она магаре кое што го тренираа во Прилеп, на златните чинии и вилушки во Владата, на новите автомобили, и луксузот кој што го користат на државен трошок“, нагласи Трипуновски.

Трипуновски рече дека власта за да ја сокрие својата неспособност ја обвинува опозицијата дека го кочела законот.
„За да биде појасно на сите, субвенциите кои што требаше да се исплатат по завршувањето на откупот на тутун согласно списоците која секоја откупна компанија ги има за земјоделец, име и презиме, количина, класа и ги испраќа до надлежната институција односно платежната агенција. И платежната агенција ги испраќа до министерството за финансии, и нормално треба да ги исплати средствата. А, она што значи откупна компанија да го плати она што е обврска спрема Управата за јавни приходи за да едноставно бидат растеретени самите земјоделци. И сега власта вели ВМРО-ДПМНЕ и пратениците го кочат законот во Собрание и затоа вие не можете да земете субвенции. Што апсолутно не е точно. Вистина е дека сите земјоделци имаат обврски спрема УЈП по некои други основи, освен она што значи данок на приход по основ на продаден тутун. Меѓутоа овој закон кој што се носи секоја година е за да се ослободат земјоделците евентуално ако имаат некаков долг спрема УЈП, да ги земат субвенциите, па да ги платат давачките. Меѓутоа што е тука круцијално? Со ова што го прави власта сега, министерот и премиерот излегува дека сите тутунари преку 20.000 во државата се луѓе кои што не го почитуваат Законот, кои што не ги плаќаат давачките спрема државата и затоа не можат да земат субвенции“, појасни Трипуновски.

Трипуновски укажа дека од тие 20.000 тутунари дали од нив 5% имаат обврски спрема УЈП. Сите тутунари трпат ради неспособноста на власта и која ги потрошила парите од државната каса за својот луксуз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.