Десетина дуќани кои претходно работеа на улица Македонија во најстрогиот центар на Скопје стојат затворени и облепени со плакати на кои пишува СЕ ИЗДАВА.

Во најголем број клуч на врата ставиле угостителски објекти, а интересно е дека празен стои и дуќанот кој за својата предизборна кампања го изнајмила и градоначалничката Данела Арсовска чиј лик и предизборниот слоган уште стојат на деловниот простор на улица Македонија во Скопје, кој после неа никој не го изнајмил за да работи во него.

Исто , ако не и полошо е и по околните улици низ центарот на градот каде се повеќе дуќани наместо со полни излоси, стојат облепени со натпис СЕ ИЗДАВА.

извор news 1.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.