Во Парламентот беше Закон за административни службеници,а тој е за 10.000 вработени по кои што се пресметува и исплатува платата, меѓутоа ние имаме поголем Закон од тој. Ние имаме Закон што е моментално на сила, ние имаме Закон за минимална плата. Законот за минимална плата важи за сите вработени во државата, без разлика дали се во приватен сектор или се во јавен сектор. И минатата година и предминатата година единствени вработени што земаа под минимална плата беа државните службеници. Никој друг. И тоа продолжува да важи по правило и сега. Министерството за финансии кое треба да ја контролира исплатата на плати и во трезор и да го контролира Буџетот, на своите вработени им исплати плати под минималната плата, нагласи Трпе Деаноски од УПОЗ – Синдикат на управата, правосудните органи во емисијата на 24 телевизија.

Деаноски додаде дека министерството за финансии си дава огласи за вработување каде штово огласот за референт дава нето плата во износ од 14.909 денари. Тоа е постарата минимална плата, а не по новата минимална плата.

Тука е проблемот, не може државата сама на себе,односно на нејзините вработени да не исплаќа плата минимална, а потоа истото да го бара и да ги казнува работодавачите од приватниот сектор, појасни Деаноски.

Деаноски запраша дали премиерот, вицепремиерот или некој ќе ги санкционира министрите и директорите кои што сега исплатија плата под минималната плата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.