Задоволни сме од одзивот во прекинот на работата. Станува збор за околу 13 до 14 илјади вработени. Денеска немаше притисоци, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски во однос на предупредувачкиот прекин на работата на вработените во администрацијата и правосудството.

Според него, ова се црвените линии под која нема долу.

2.806 денари е разликата од минатата вредност на минималната плата со сегашната вредност на минималната. Премала е, но испраќаме порака до владата дека сме кооперативни за да седнеме на маса. Бараме за сите оние што не се усогласи платата. Не го сфаќам односот на владата кон вработените и не можам да го разберам објаснувањето. Не ни треба измена на законот за администрација за да може да се добие износот на минимална плата. МИОА даде допис дека мора сите да исплатат согласно закон за минимална плата. Зошто МФ и другите министерства не постапуваат како МИОА и не исплаќаат минимална плата година дена, а еве и сега? Зошто другите не го почитуваат законот? Денеска ме прашаа новинарите, им кажав: Јас да сум премиер, сите тие министри што не исплатија минимална плата, би ги разрешил за пет минути, вели Деаноски во емисијата „360“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.