Министерот за информатичко општество, Адмирим Алити, гостувајќи во емисијата „360 степени“ на Алсат меѓудругото се осврна и на минималната плата во администрацијата и вети дека до крајот на овој месец сите мартовски плати ќе се исплаќаат со минимум 18.000 денари и дека според него нема да има вработени во јавната администрација кои ќе добијат помалку од 18.000 денари.

Има различни толкувања на законот и има судири меѓу различни закони. Затоа, толкувањето кое преовладува е дека минималната плата можеме како Влада да ја исплатиме во сите институции во моментот кога овој закон ќе се изгласа во парламентот. Овој закон деновиве е во парламентот, ние како Влада не сме во позиција да го тераме парламентот да гласа кога сакаме ние, но нашите очекувања се дека овој закон ќе се гласа следната недела, па начин да се реши оваа ситуација е со тоа што најголемиот дел од министерствата прават онолку колку што биле платите досега, претпоставуваме ако некој има 17.000 денари плата, во моментот кога ќе се гласа во парламентот ќе се исплатат дополнителни 1.000 денари, рече Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.