Вечерва Регулаторната комисија ги објави новите цени на нафтените деривати. Бензинот и дизелот од полноќ ќе се продаваат по иста цена, додека поскапува мазутот за два денара.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,00 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 52,354 (денари/килограм).

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 проценти во однос на вчерашната одлука.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.