Блок 1 во РЕК Битола е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена, соопшти ЕЛЕМ.

Оттаму велат дека санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се извело 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во редовно производство.

Стручните служби и вработените во РЕК Битола кои беа вклучени во зафатот, покажаа исклучителна посветеност и непрестана работа на задачата, со цел и покрај амортизираната опрема и долгиот рок на работа на термоелектраната, за што пократко време да се отстрани застојот и блокот да се врати на мрежа, се наведува во соопштението.

РЕК Битола е во очекување да пристигне и трансформаторот за Блок 3 кој во моментот се превезува од Грција кон граничниот премин Меџитлија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.