Регулаторната комисија за енергетика изработи измени на постоечката методологија со која во услови на драматичен пораз или намалување на цените на нафтените деривати на берзите имаме можност да носиме одлука секој ден, односно доколку цената би се зголемила или намалила за повеќе од 2 денара , во тој случај РКЕ може да носи одлука и по моето гостување тука, ќе одржиме седница на која ќе ги разгледаме анализите кои што се направени и ќе ја информираме јавноста, изјави во вечерашното гостување на „Топ Тема“, директорот на регулаторната комисија, Марко Бислимовски.
Тој појасни дека новата цена на горивата ќе стапи на сила од полноќ а се базира на методологија која се прави врз основа на котации на берзата во рок од 5 дена.
Тој не сакаше да шпекулира, но подвлече дека во минатите денови се случува пораст на цената на горивата на светските берзи, особено на дизелот.
Имавме незапамтено зголемување, некаде од 100 долари на ден, што во историјата од кога постојат берзите, такви драматични порасти не постоеле, изјави Бислимовски во „Топ тема“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.