Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски на денешната прес-конференција рече дека и во оваа државна институција се почитуваат владините мерки за штедење кои полнуваат од денеска, па тој во зградата на РКЕ до работното место наместо со лифт дошол по скали.

Како што гледате, јас денеска дојдов по скали на работа. Имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Осветлувањето е ограничено, немаме пуштено ладење и сите мерки кои се за штедење ќе ги превземеме. Целата јавност треба посериозно да се однесува кон мерките за штедење бидејќи во услови на цени од 700-800 евра за мегават-час на слободен пазар – рече Бислимовски.

РКЕ ќе треба да ја намали сметката за септември за 15% во однос на сметката од лани за истиот период.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.