Од 1-ви ноември, парното нема да поскапи повеќе од пет отсто, што значи дека зголемувањето на цената на парното греење би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво од стан. Ова вчера во изјави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

Тој не верува дека ќе има зголемување поголемо од 5 отсто коешто, како што вели, нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје.

Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, дообјасни Бислимоски во гостувањето на вестите на Тв Сител.

Според Бислимовски, во текот на енергетската криза успеале да одржат ценовна стабилност на топлинската енергија.

Граѓаните добија парно греење, но по стара цена. Засега Регулаторната комисија за енергетика не носи одлука за нова цена се додека не биде поставен новиот топловод по мостот Беласица, за кој градот Скопје и ЕСМ се натегаат со месеци.

Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот Беласица ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.