Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информираше дека од 1 август, се намалува цената на топлинската енергија во Скопје.

Најголемиот систем во Скопје со 52 илјади потрошувачи, кај домаќинствата – цените за парното ќе се намалат за 3,16%. Цените за парно за сите останати потрошувачи како училишта и институции, ќе се намалат за 17,3%. Оваа цена за домаќинствата е без субвенции. Во изминатиот период, за субвенционирање од Буџетот на државата беа издвоени приближно 12 милиони евра, изјави Бислимоски.

Според првиот регулатор, за останатите системи, цената во Скопје-Север за субвенциите се намалува за 1,71%, а за останатите за 17,22%.

Кај „ЕСМ Енергетика“, цената на парното за домаќинствата се намалува за 0,5%, додека за останатите околу 40%.

Бислимоски апелираше да се заврши реконструкцијата на цевкодот на мостот „Беласица“ и да не се остави на случајноста, со цел да бидеме подготвени за претстојната грејна сезона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.