Министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека кризните мерки кои што ги донесе владата на СДСМ и ДУИ нема да бидат доволни, бидејќи како што рече кризата е многу голема.

Мислам дека ние прилично брзо со еден сеопфатен пакет реагиравме и нема да застане тука. Но, треба да знаеме дека ова што го прави Владата нема да биде доволно, значи затоа што кризата е толку голема, а нашата економија е мала во контекст на тоа да може да влијае на тие цени што се случуваат на европските пазари или светските берзи – изјави Бесими.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.