Министерот за финансии Фатмир Бесими во ексклузивно интервју за indeks.mk зборува за поскапувањето на нафтените деривати и струјата.

Тој рече дека растот на цените на европските берзи влијае и на цените во Република Македонија.

На ист начин ни се пренесуваат и цените кои растат на европските берзи. Сите извори на енергија, нафтени деривати, електрична енергија, природен гас итн. До сега имаше поскапување на цените, ама не 10 или 20 проценти. Ова сега за мене е алармантно со она што се случува на енергетскиот пазар и во таа насока денеска има средба во Владата со претставници, не само на економските ресори, туку и со надворешни експерти, на која разговаравме за ситуацијата и подготвуваме мерки кои во наредните денови Владата ќе ги презентира, како да се влијае, балансира и амортизира поскапувањето на основните производи но и на енергенсите, изјави Бесими за indeks.mk.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.