Нивото на инфлација во септември 2023 продолжува да се намалува на 6,6 проценти, (од 8,3 проценти август) и е намалена трикратно во споредба со пикот на кризата во октомври од 19,8 проценти, напиша денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на „Фејсбук“.

Во објавата, Бесими најавува дека наскоро ќе биде објавен новиот пакет антикризни мерки.

– Владините мерки за справување со инфлацијата досега се проценуваат на над 700 милиони евра, а наскоро ќе биде објавен и нов пакет на антикризни мерки за поддршка на ранливите категории граѓани и фирми. Нашата заложба е целосно надминување на глобалните инфлаторни предизвици и донесување на инфлацијата на историските ниски нивоа од околу 2 проценти, вели Бесими.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.