Стратегијата што ја применивме при издавањето на деветатта Еврообврзница беше да обезбедиме средства само за покривање на Eврообврзницата издадена во 2016 година и обврските што доспеваат за отплата на долгови во 2023 година и тоа да биде со понизок трошок за Буџетот и за граѓаните со фактот што се издаде Еврообврзница со рок на доспевање од четири наместо седум години, како таа што доспева. Тоа беше нашата определба за прудентно и одговорно водење на финансиите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Одлуката да обезбедиме 600 милиони евра со издавање Еврообврзница, наместо максималниот износ што беше утврден со одлуката на Владата, е поради нашата определба прудентно и одговорно да ги водиме финансиите и трошокот за граѓаните да биде помал. Направивме успешна трансакција.  Успеавме да обезбедиме купон од 6,25%, рече министерот Бесими во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.

Средствата, како што рече министерот, обезбедени од Еврообврзницата се за отплата на долгови и еврообврзница што доспеваат во текот на 2023 година. За покривање на дефицитот, додаде, средства ќе се обезбедат преку програмата со ММФ околу 157 милиони евра, 72 милиони евра грант од Европската комисија, 100 милиони евра макрофинансиска поддршка од ЕУ и дополнително средства од други поволни кредитни линии како ЕБОР, ЕИБ, Светска банка, за реализација на проекти. Придонес кон тоа ќе дадат и даночните реформи, како и новиот Данок за солидарност, кој не е предвиден во Буџетот, но ќе придонесе да се намали дефицитот и потребата за задолжување.

За платите на вработените во целата администрацијата, посочи дека, ќе се бара системско решение по примерот на минималната плата и пензиите и дека на такво решение се работи.

Целта е да има решение кое ќе биде системско и одржливо, кое ќе го штити интегритетот и стандрадот на вработените и ќе биде основа за професионалност на администрацијата, рече министерот Бесими.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.