Во име на Движењето БЕСА, пратениците Фадил Зендели и Бастри Бајрами го поддржаа протестот на Сојузот на синдикати во Македонија.

Отсекогаш сме биле партнери со сите синдикати за унапредување на правата на вработените во јавната администрација. Исто така, нашата поддршка не била само со зборови, туку и со дела, Движењето БЕСА докажа и кога бевме во централната власт каде нашите функционери оставија траги во унапредувањето на работничките права, но и денес во Општина Тетово, каде што лидерот на партијата Билал Касами го потпиша колективниот договор за унапредување на правата на административните службеници односно ги зголеми платите за 2806 денари. Со овој договор, БЕСА, односно Касами се покажа како треба да се носат одлуки во корист на граѓаните. Движењето БЕСА апелира Владата сериозно да ги сфати синдикалните барања и што поскоро да направи корекција на платите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.