Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за зголемување на цената на нафтените деривати за 1,46%.
Од нула часот на 4 јуни (сабота), бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапе за 2 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,5 денари/литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се промени.
Ова се новите цени од 4 јуни:
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава по 109,00 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС – 98 чини 111,5 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува по цена од 99,5 денари/литар
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапе за 3,00 денари и чини 98,5 денари/литар
Мазут М-1 НС останува по досегашната цена од 54,640 денари/килограм
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.