Од утринава на полноќ, има нови цени на горивата.

Според одлуката на регулаторната комисија, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.12.2022 година.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, со што малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,00 ден/лит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.