За половина денар поевтинуваат бензините, а дизел горивото, пак, поскапува за еден еднар од ноќеска, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новата одлука на РКЕ, цената на дизел горивото ќе изнесува 73,5 денари за литар, цената на Еуросупер 95 ќе биде 76,5 денари за литар, а на Еуросупер 98, цената ќе биде 73,5 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло се зголемува за 1,5 денари за литар, па отсега цената ќе изнесува 73,5 денари за литар. Килограм мазут пак, од полноќ ќе изнесува 41,9 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.