Јас се согласувам со граѓаните дека цените се зголемени во 2022 година, но оваа година тие се намалуваат, вели за Детектор, Министерот за економија Крешник Бектеши.
Цените веќе се стабилизираат. Има намалување на цените. Кога кажуваме намалување, за да бидам коректен, ние ги споредуваме со цените кои нагло се зголемија во јули, август и септември. Сега ние да бидеме некоректни кон граѓаните, ќе излеземе после 2 месеци и ќе кажеме дека имаме големо намалување на прехранбените производи затоа што и ќе ги споредиме со месеците од претходната година каде што има нагло зголемување. Ние како Влада носиме политики, мерки за да го стабилизираме пазарот. Дали ние можеме да влијаеме на цените на увоз надвор од државата, на тоа не може да влијаеме, вели Бектеши оправдувајќи ги се уште високите цени на некои основни прехрамбени производи.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика во Македонија лани цените на прехранбените производи се зголемиле за околу 40% додека годишната стапка на инфлација изнесува 14,2%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.