Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека во координација со градоначалникот на општината Арачиново и раководството на ЕВН, е најдено е привремено решение за прашањето за снабдување со електрична енергија на жителите на оваа општина.

Ова решение е привремено, но, со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.