-Предлогот за мене како министер, верувам и за Владата е прифатлив, само треба да ни покаже како да носиме природен гас од Унгарија и Австрија во Македонија, знаејќи дека имаме само еден цевковод што му припаѓа на природен гас, а тоа е со Република Бугарија, вака министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Клик 21“ на ТВ21 одговори на предлогот на Христијан Мицкоски за осигурување на природен гас.

Бектеши рече дека предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е апсурден, но доколку тој има информации како да се транспортира гас во Македонија, тогаш Владата е подготвена да разговара за ова прашање.

„За мене понудата на господинот Мицкоски беше прифатлива. Може да седнеме денес, да ни кажеме кои терминали имаат слободни капацитети, ќе најдеме легален начин и средства од буџетот и ќе ги резервираме тие капацитети, но колку што воопшто знаат граѓаните, Македонија технички не може да се снабдува со природен гас од гасни терминали во Унгарија и Австрија“, рече меѓу другото Бектеши на ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.