Нашата земја нема инфраструктура за да увезе странски работници, а работодавците не размислуваа и не ги слушаа нашите совети кога ги бркаа работниците за време на корона кризата, кои се иселија во земјите во ЕУ, вели Кристина Ампева од Гласен Текстилец-Штип, откако претседателот на собранието на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров во интервју за МИА откри дека неколку aгенции im нудат странски работници на македонските компании.

За време на пандемијата полесно им беше да ги отпуштаат колективно работниците, ова важи апсолутно за сите. Значи не само во текстилната индустрија, и во останатите, но во текстилната особено кога беа отпуштани жени кои користеа мерки или беа дома. Сега нема работници и ќе увезуваме од Непал, вели Ампева.

Таа забележува дека изминатите години македонските  работници си заминаа поради условите за работа и висината на платите, а трендот на иселување на работоспособното население продолжува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.