Африканската свинска чума се заканува да збрише околу десет проценти од вкупниот свински фонд во Македонија.

Како што објави ТВ 24, од првиот случај во делчевско Драмче на почетокот од годината досега во јама или во кланица завршија околу 3.000 свињи. Но, со оглед на тоа дека сега почна уништување на свињи во штипско-карбинскиот регион каде има поголеми фарми, таа бројка неколкукратно ќе се зголеми. Од АХВ велат животните од фармите со висок ризок во радиус од три киломтери ќе се еутанизираат и ќе завршат во јама, останатите свињи ќе одат во кланица.

Статистички дури 60 отсто од 140.000 свињи во Македонија се одгледуваат во индивидуални земјоделски стопанства. Во свињарството се вртат над 180 милиони евра, а директно или индиректно од оваа гранка егзистираат 10.000 семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.