Градбата на покриениот базен во Битола подолг период е во застој иако, според најавите, досега требаше да биде изграден, пишува порталот СДК.мк.

Базенот се гради во училишниот двор на основното училиште „Даме Груев“ во Битола, како инвестиција на Агенцијата за млади и спорт во соработка со претходната локална самоуправа.

Сегашната директорка на училиштето Биљана Дамчевска-Бакиевска на Комисијата за јавни дејности во Општина Битола ѝ изјави дека дел од градежните материјали се расфрлани низ училишниот двор, а местото не е обезбедено и претставува опасност за учениците.

Градбата започна во февруари 2020, и тогаш директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски изјави дека се идвоени 45 милиони денари за покриениот базен со должина од 25 метри и широчина од 9 метри. Тогаш беше најавено дека ќе биде готов за 18 месеци.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.