Украинската војска соопшти дека двајца украински војници загинале, а 12 се повредени при гранатирање од страна на проруските сепаратисти во источна Украина во изминатите 24 часа, што се најмногу жртви во поединечно гранатирање оваа година.
Украинските сили на својата Фејсбук страница објавија дека пријавиле 84 случаи на гранатирање од непријателски позиции.
Според украинската војска, со употреба на тешка артилерија биле гранатирани околу 40 населени места и позиции долж линијата на контакт.
Украина ја обвинува Русија за предизвикување насилство и смета дека Москва тоа го искористи како изговор за официјално признавање на двата источни украински региони Доњецк и Луганск како независни.
Според украинските сили, во 64 од пријавените случаи на гранатирање, противниците на украинските сили користеле оружје што е забрането според договорите од Минск за источна Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.