Полицијата во Хрватска соопшти за труењето во Риека, а како што рекоа најверојатно се работи за детергент или одмастувач.

Во 20 стаклени шишиња од истиот пијалок добиени во оригинално пакување, утврдено е дека има проѕирна течност со pH 3,5, што одговара на pH вредностите на таквите пијалоци.

Полицијата испрати соопштение за резултатите од Центарот за форензички истраги и вештачења „Иван Вучетиќ“, кој извршил вештачење по спорни и неспорни примероци кои и биле доставени по налог на Општинското државно обвинителство во Риека.

Резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се совпаѓаат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужено, додека со анализата е утврдено дека се работи за високо алкална воден раствор (pH=13,6), соопшти полицијата.

Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за детергент и/или одмастувач, велат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.