Денеска во 11 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура, кое се уште не излезе со решение за проблемот кој настана со одлуката НУ Џез оркестар да биде сместен во објектот на Филхармонија.
„Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое ја блокираше и сопствената сметка на Филхармонија со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција.
Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение“, се вели во најавата за денешниот протест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.