Починато лице вчера околу 10 часот е пронајдено на локален пат во охридското село Велгошти.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а од увидот извршен од полициски екипи, констатирано е дека се работи за М.В.(62) од Велгошти, информира СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.