Ноќва во 00.05 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Видое Смилески Бато“ со сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Т.М.(21) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од Д.Г.(48) од с.Стајковци, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР.

На местотот на несреќата починал Д.Г., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген поло“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а Т.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.