Жена е тешко повредена откако со семејното возило со сопругот излетале од пат.

Несреќата била пријавена вчера во 08.40 часот во СВР Охрид. Според пријавеното, на магистралниот пат Охрид – Битола, кај с.Опеница, Охридско, Љ.Н.(57) од Свети Николе, управувајќи патничко возило „ауди“ со светиниколски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатничката В.Н.(56) од Свети Николе, а со телесни повреди се здобил возачот Љ.Н., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.