Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово околу 3:30 часот, запалено е патничко возило на улица „Струмичка“ во Општина Чаир.

– Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.„Струмичка” настанал пожар во патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л. (35) од Скопје, велат од МВР.

Оттаму известуваат дека пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Претходно „Коха“ објави дека е запалено возило на вицепремиерот Артан Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.