Вчеравечер околу 21:20 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот А.И. од гостиварско село, кој половина час претходно бил пријавен од неговата сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против А.И. ќе следува поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.