Жена е тешко повредена во сообраќајката што се случи вчера попладне.

Како што соопшти МВР, во 15:45 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, во атар на село Смијмирово, патничко моторно возило „ауди“, со беровски регистарски ознаки, управувано од В.С.(55) од село Смојмирово, изгубило контрола и излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.С., констатирани во Здравствен дом Берово. Увид извршила екипа од Полициската станица Берово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.