Во тетовската полиција вчера било пријавено дека жена е повредена од заталкан куршум. Повредената жена била пренесена за укажување лекарска помош во тетовската Клиничка болница.
Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се расчистува и документира случајот.
Во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека 59-годишната тетовка С.Ш. во дворот пред семејната куќа на улица „ЈНА“ во Тетово била погодена од заталкан куршум, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.