Гостиварец кој издржувал казна затвор во Шутка, починал во понеделникот на комплексот клиники Мајка Тереза.

„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.