Во текот на вчерашниот ден, во затворот во Штип дошло до физичка пресметка на двајца затвореници, при што еден од нив бил сериозно прободен.
Околу 14:40 часот вчера во СВР Штип е пријавено дека во Казнено поправна установа „Затвор Штип“ по претходна расправија осуденикот Љ.Ѓ.(41) од Скопје со нож го нападнал осуденикот В.С.(48) од Струмица и му нанел убодни рани. В.С. е пренесен во Клиничка болница-Штип за укажување на лекарска помош – информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.