Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода битолчаните А.Ѓ.(48) и М.С.(38), поради постоење основано сомнение дека на 8 јануари годинава околу 15:30 часот на ул.„Солунска“ во Битола извршиле кривично дело „разбојништво“.
Како што информираат денеска од МВР, тие кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец, користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари.
СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на А.Ѓ. му одредена мерка притвор во траење до 30 дена, додека М.С., осуденик во КПУ Затвор Битола, е спроведен назад во затворот, каде веќе издржува затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.