Полицијата во Кавадарци го уапсила О.Т. (73) од Кавадарци откако при претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ со футрола и две рамки со вкупно девет куршуми калибар 7,65 мм, пиштол „Гезихепт“ со една рамка, пиштол и 61 куршум со различен калибар.

Како што соопшти МВР, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.